IME

Роден е во 1946 година во Негрево (Малешево), Република Македонија. Поет, есеист, критичар и преведувач. Студирал литература на универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј,, во Скопје а по дипломирањето работел како новинар и уредник на повеќе литературни списанија. Неговата прва поетска книга е објавена во 1977 година. До сега има објавено петнаесетина поетски збирки за возрасни и деца, а во 1980 година за збирката Окото на темниот ја има наградата ,,Браќа Миладиновци,, на СВП. Избори од неговата поезија се објавени на српски, албански, англиски, француски, руски итн. Тој и самиот преведува од руски, француски, српски, хрватски и словенечки. Составувач е и на неколку антологии на современа македонска поезија.
 

 

 

СТОМНА ПЛАНИНСКА ВОДА
(Запис од Лазарополе)

Си заспал цврсто, како да те поклопила планината.
Наеднаш œ тресок во сонот. Стомната се скршила, летаат глинените
парчиња, водата се разлева, шуми
и те префаќа до грло;
расне водениот лик на шумскиот дух.

Осамен, вреснуваш
и веднаш се разбудуваш.
Вратата на твојата соба е отворена, стомната е во аголот,
на старото место, полна со вода.

Само слушаш;
некаде среде шумата клокоти изворот,
и водениот дух повторно се радува
што & побегнал
на твојата мрачна стомна.


ЛЕТО. МЕТЕОР

Двајца под сртот се љубат во ноќта и житото зрее.

О благо лето
и на небо стежнал се рони
модриот грозд на прозрачноста.

Метеорот што паѓа сега е небесен дар
за срцето на љубовниците и оган свет
за семето на венчалните плодови.

Но веќе е
длабоко зариен тој пламен
во кристалот на минералите и веќе одамна стине металот врз бакнежот што станал камен.

И расте тој,
карпа под месечина,
за да се потпре болката повисока од него.

КАРМА: ДРВО

Дали, кога, во кое друго време,
од која семка повторно
ќе се крене ова дрво
што цвета секоја пролет
на дофат на мојот прозорец
и дали ќе се сети
на оние двајца што се љубат
под него овој миг,
на ведрата сенка
што им го порабува длабокиот бакнеж
а потоа се згуснува
и паѓа тешка
врз нивното срце;
дали повторно ќе се сетат
неговите лисја
на нивната воздишка,
и дали не од ветерот
а од неа ќе растреперат
под ѕвездите на некое идно столетие?

 

Copyright © by Balkanski književni glasnik – BKG, 2007.

Nazad