МАНУЕЛА ЗЛАТКОВА

Мануела Златкова родена во 1997 година во Струмица, Македонија и припаѓа на најмладата генерација автори на книжевната сцена.

Досега има објавувано поетски фрагменти во повеќе македонски и балкански книжевни списанија, зборници, алманаси - “Акт”, “Ш”, “100 000 Поети за промена”, дел од балканскиот зборник “Рукописи” како најмлад автор во број 36.

Избрана за 10th Best New Poem (worldwide) за 2013. како и повеќе први и втори места на меѓународни и балкански конкурси поезија.

 

 

 

Завет на молчење (Протести)

Ветен на молчење
ќе ги играш мизерните пантомимиски улоги во театарот.
Ќе молчиш, улав, на премиера во  МНТ.
Ветен на молчење
ќе те осудат да пиеш полумасно млеко и прегорен шеќер
да ти се поврати гласот
со вибрациите на гласните жици,
ќе протестираш со транспаренти
за власта и против левата страна,
за легализирање на дрогата и против безвизниот режим,
за правописот и против љубовта,
за Pink Floyd и против образовниот систем,
за етничките групи и против невработеноста,
за хаосот и против космогонијата.
Ветен на молчење
ќе те замонашат во нивниот манастир
кајшто нема жени и женски тела,
ќе  влезеш во нивниот регистар
и ќе молчиш.
Молкум ќе ја изиграш улогата
на премиера во МНТ.


Alice, what else is out there?

На незакажани средби
кришно се гледаме со утробата,
црно-црвена,
никаква,
голема,
поголема
од мене и од тебе.
Нацртана,
прецртана
од преродбите
и неспогодбите,
и од евровизиската песна претставник на Македонија
со се’ какофонија,
и јазикот
и во буквите- љубовта
и што завршуваат на –ски
сите презимиња.
Alice, what else is out there?
Вселено моја.

 

 

 

 

Copyright © by Balkanski književni glasnik – BKG, 2014.
CIP – Katalogizacija u publikaciji, Narodna biblioteka Srbije, Beograd 82 
BALKANSKI KNJIŽEVNI GLASNIK, [Elektronski izvor] / Glavni i odgovorni urednik Dušan Gojkov. 
– Elektronski časopis.
Način dostupa (URL)  http://www.balkanskiknjizevniglasnik.com/  http://www.balkanliteraryherald.com/
ISSN 1452–9254 = Balkanski književni glasnik (Online) 
COBISS.SR–ID 141175564 
BKG Sveska 25


Nazad