Гоце Смилевски

Роден е во Скопје во 1975 година, се образувал на универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје (Општа и компаративна книжевност), на Карловиот универзитет во Прага (Чешки јазик и чешка литература) и на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Работел како продавач на кристални предмети во Прага, како наставник по македонски јазик во Кавадарци и како составувач на предметни регистри во Скопје. За Мотивот на инцестот во „Врева и бес“ од Вилијам Фокнер и „Човек без својства“ од Роберт Мусил доделена му е наградата за есеј „Блаже Конески“ во 1998. По повод јубилејот на универзитетот во Скопје доделена му е наградата Свети Кирил и Методиј. Во 2000 година објави роман Планетата на неискуството. За романот Разговори со Спиноза (2002) ја доби наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.

СМРТТА НА ХЕРМАН БРОХ

 
Почувствува силна болка во срцето и таа болка го натера да ги затвори очите, таа болка или свесноста дека со очи не може да го види она што треба да го види или стравот од смртта го натера да се загледа во темнината на очните капаци, и од таа темнина му изнурна споменот на оној ден кога, исто така како и сега, беше со болка во срцето, но тоа беше поинаква болка, тогаш ја напушташе Виена и тргнуваше во прогон, а сега беше во својот стан во Њу Хевн, и исто како и сега му се чинеше дека го губи тлото под нозете, ама тогаш смело зачекори кон идниот ден, а сега паѓаше кон подот (нему му се чинеше дека пађа во Ништото), и се чувствуваше толку изгубен, толку скршен, што му се чинеше дека ако ги отвори очите ће може да го види одвојувањето на сопствената душа од телото, и дека неговото тело ће му се види куп месо кое веће се распађа, невкусно месо во кое неговата душа робувала цел човечки век и од тоа тело се испоганила и го изгубила мирисот кој го донела од оној свет, и од тој страв ги држеше очите затворени додека пађаше кон подот, кон Ништото. Со десната рака го притискаше левиот дел од градите исто онака, а сепак толку различно од оние цврсти машки раце кои и варварски и нежно ги притискаа тие исти гради една студена ноћ во првата година од неговите философско - математички студдии, намамувајћи му ја душата во пристанот во кој ја гледаше борбата на брановите на страста со песочниот брег на аскезата, и гледаше како брановите парче по парче го подјадуваат брегот, но едновремено работат и против себе - пађајћи во водата песокта му ја земаше силата на секој иден бран се повеће и повеће. И сега беше во оној миг кога со склопени очи гледаше дека веће нема ни брег ниту пак бранови; водата и песокта се беа измешале и создаваа една безоблична маса.
Веће беше паднат на подот и беше склопчен како ембрион, а неговата мисла ги сечеше водите на сећавањето, ги сечеше брзо и лесно тие води кои некогаш создаваа витли и не му даваа да се доближи до секој миг од минатото, и тој брод се стремеше се потаму и потаму, грабејћи напред а всушност назад, пред завршувањето на "Смртта на Вергилиј", пред пристигнувањето во Америка, пред чмаењето во затворот во Аусзе, пред започнувањето на "Месечарите", пред одлуката да ја прекине кариерата на индустријалец и да му се посвети на пишувањето; тој брод пловеше се побрзо и побрзо, склопувајћи ги каменчињата на минатото во една единствена композиција која неодоливо потсетуваше на неговото битие, на неговото вистинско јас, на она јас по кое трагаше сиот живот и кое го откриваше во овој кобен миг.
Лежеше на подот склопчен како ембрион, од левата страна му лежеше животот, од десната смртта, лежеше и се вовираше се повнатре и повнатре во себе, барајћи го местото на кое се рађа зборот, тоа место кое не му се покажа ниту во еден миг од неговиот живот иако го бараше во секој миг од пишувањето и уште повеће кога размислуваше над напишаното, и додека тонеше во сопствената душа, додека тонеше во сопственото јас, спознаваше дека сета душа е рађачка на зборот, дека сета душа постои само за да го искаже зборот, и воедно сфаћаше дека тој обид е бескрајно залуден, бидејћи и зборот е премал за да ја искаже душата, и душата е немоћна да го искаже Зборот, оној кој е на почетокот и на крајот, оној кој е во вјеки вјеков.
Лежеше на подот, лежеше склопчен како ембрион, и чувствуваше како неговата душа се поткрева и се спушта, како се обидува да ја пробие мембраната на неговото тело, а истовремено сака да ја зацврсти таа мембрана, да го забави нејзиното неодложно распађање, лежеше склопчен и сфаћаше дека доађа мигот кога правата линија на неговиот живот ће се деформира и ће се претвори во круг, при што почетокот и крајот ће се допрат и ће се изгубат еден во друг, лежеше склопчен како ембрион додека неговата мисла се ближеше до неговите најрани сећавања, а потоа одеше и понатаму, одеше до првите мигови на неговото бивствување, неговата мисла се движеше међу нозете на неговата мајка, се вовираше во нејзината утроба и тој можеше да се види себе како плови по водите на мајчината утроба, склопчен како и сега, со затворени очи како и сега, испразнет од прашања како и сега; да, сега за првпат по разделувањето од мајчината утроба беше без прашања, бидејћи, собирајћи ги сите слики на сопственото минато во една истовременост, без збор му беа одговорени сите прашања, и се што сакаше беше одново да се врати во мајчината утроба, одново да се роди, но со сите спознанија што ги здоби додека пађаше, додека лежеше на подот склопчен како ембрион; веруваше во бескрајната радост на постоењето на она битие кое ја знае ширината и длабината и тежината на сопственото јас, на тоа јас кое сиот живот му се криеше во миговите кога најупорно го бараше и кога беше најблиску до него, му се криеше тоа негово јас зад неговата сенка, зад неговиот глас, зад најдалечната точка во хоризонтот, а сега конечно го гледаше тоа свое јас, сега, кога лежеше на подот и го слушаше ладењето на сопствената крв.
 

Copyright © by Goce Smilevski & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.

Nazad