Бјанка Алајбеговиќ
Мајсторката Маргарита во лет

Бјанка Алајбеговиќ е родена во Сараево. Студира на Филозофскиот факултет во Сараево, на отсекот за книжевност на народите на БиХ.
Член е на Книжевната работилница Омнибус. Нејзини преводи и поезија се објавени во неколку списанија за литература. Нејзината прва книга поезија, Помеѓу двајца, е објавена во 2005 година.

 

Мајсторката Маргарита во лет


Се престорив во вештерка
За да го спасам неговиот роман го чешлав
огнот со моите негувани прсти
Тој ми ја растопи осаменоста
што ја криев во жолто цвеќе
Вечерва летам
за да го спасам својот Мајстор
Незштитен е и преосетлив
а тоа ги привлекува мрачните сили
Во мене е Воланд*
лично
Невидлива и бесна
летам за наше спасение

*Воланд: германски јазик за ѓаволот што се среќава во некои стари варијанти за легендата за Фауст (заб. на прев.)


Дездемона

Немам воздух љубов моја
Со твоите љубоморни раце
Ме тераш да гризам пердуви
Не се плашам од смртта
Ја сакам оваа наша перница
На која се уште вечераш
Нема да заспиеш
Без мене


Сосема искрено

Никогаш не би те пуштил
Од своите процветани дланки
Толку мала
Би те сместил во порите на мојата кожа
Би ја покрил твојата проѕирност
Со мојата коса
Знам дека нашата совршена сложувалка
Нема да ги преживее
Слабостите на зборовите

СВП 2006
Избор „Мостови“

 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Превод на македонски: Зорица Теофилова

Nazad