Братислав Ташковски
Добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, 2006.

Братислав Ташковски е поет, раскажувач и публицист.
Роден е на 11. септември 1960. година во Скопје. Студирал новинарство на Универзитетот во Скопје. Автор е на десет книги поезија и на книгата есеи Линија на усвитеност. Застапуван е во антологиски ипанорамски избори од македонската поезија. Делови од неговата поезија се преведени на англиски, француски, руски, турски, словенечки, хрватски, бугарски, српски, албански и русински јазик. Од 1999 до 2002 година бил Претседател на Управниот одбор на меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата. Добитник е на неколку награди, меѓу кои и Државната награда за најдобра книга од областа на публицистиката за 2000 година.

 

Окото на Ангелот

(Аја Софија – Истанбул)

Арабеската го крие окото на Ангелот.
Тој е можеби првата жртва по падот на градот.
Денес освојувачот го ослободува со длето
На лицето има малтер на гнев
И мирис на јајце од гајгур
Но убавината,
Ни туѓа молитва, ни омразата не ја допреле.
Ова око секое утро го минувало олтарот.
Тоа во суштина гледало и во мракот.
Боже каква љубов било тоа.
Тогаш ја отворам книгата и читам:
„Радувај се благодатна! Господ е со тебе,
Благословена си ти меѓу жените!“
Одеднаш зеленото се претвори во црвено
И видов како ангелот мрда по сводот,
Бегајќи од остриот шилец на ослободителот.
Тогаш падна во раката на Богородица,
Таму каде спијат сите ангели
И заедно со нашиот од Курбиново
Го благословија плодот на нејзината утроба.


СВП 2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој

 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.

Nazad