Драган Јовановиќ Данилов
Млади, гневни поети

Драган Јовановиќ Данилов е роден во 1960 година во пожега. Студирал историја на уметност на Универзитетот во Белград. Рано почнал да пишува поезија. Објавил единаесет книги поезија, два романа и бројни критички есеи.
Со својот поетски стил тој е типичен претставник на модернизмот, во чекор во поетскиот израз на денешниот западен свет. Неговата поезија е преведена на англиски, француски, италијански, бугарски и македонски и застапена во антологии, Добитник е на бројни книжевни награди и признанија.

 

Млади, гневни поети

Најважно е тоа што ќе остане по гозбата!
Речиси на секои пет-шест години
На сцената се појавува нова генерација млади,
Гневни поети спремни да го сменат светот.

И навистина, со право се гневни; толку е
Неподнослив поетскиот трулеж наоколу;
Толку валкан сентиментализам којшто
Предизвикува бес; фолклорни демони
Кои треба да се прободат со глогов колец.

Но, оф – тоа е прастара ујдурма –
Кусо потоа, гневните поети кои седат
По кафеаните и остануваат до зори, се заморуваат
Од својот гнев, од секојдневието, од сознанието,
Дека ова е свет на последици, а не на причини, и
самите
Стануваат места на новото, младо поколение гневни
Што пристигнуваат, ситуирани во транс.

И само еден од нив (тој што е понизен пред
Темните огледала во себе) како прастар египетски
Скарабеј во ќилибар го продолжува својот живот.


СВП 2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој

 

 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Превод од српски: Зоран Анчевски

Nazad