Хаџем Хајдаревиќ
Зошто не сум сликар

Хаџем Хајдаревиќ е роден во 1956 година во Крушево кај Фоча.
Пишува поезија, проза, книжевна критика, а се занимава и со публицистика. Објавил шест книги поезија, како и две книги проза. Живее во Сараево и работи како стручен соработник во Институтот за јазик.

 

Зошто не сум сликар

Писмо за Т.

Не сум сликар само затоа
што боите прерано навреле
во мене и што ништо не било
толку податливо за светлината
како внатрешната страна на пробудената кожа.

Можеш да сликаш со прсти, како со рачките
од вишна во воздухот, можеш да ги мешаш
септемвриските лисја та да станеш нестварен
во плисокот од акварелот на медитеранските
годишни времиња и лекомислено да ги разгледуваш
збунетите човечки лица, можеш да ја преследуваш
сопствената рака додека со лебедов двиг
плива низ воздухот... Но потоа се
рамномерно вјаса во неизбежниот стих...

Не сум сликар бидејќи меѓу прстите имам
невидливи превези од лепливиот
прамајкин здив... Се станува
премногу стварно за да можам било што
да измислувам пак.

Стихот е најдобар изговор
за се што е пропуштено некогаш
и за се она што никогаш
и не можело да дојде до нас.

СВП 2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој


 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Превод од босански: Ефтим Клетников

Nazad