Ивана Бодрожиќ

Ивана Бодрожиќ е родена во Вуковар 1982. година. Студира хрватски јазик, литература и филозофија на факултетот во Загреб. Досега има објавено поезија во неколку литературни списанија, а со своја поезија била присутна на радио програми. Нејзината прва збирка поезија Први чекори во темнината е објавена во 2005 година и е наградена со „Горановото признание“ за млади поети.

 

 

 

 

***

Рано изутрина излегувам од твојот најтопол
стан
и со син градски автобус поаѓам кон некоја ситна
обврска.
Минавме прекрасна ноќ без ниеден трепет во
која било насока
Ме штрекна кочење и свиреж, возачот и мавта
на некоја госпоѓа
на улицата, би сакала да помислам дека
му е жена,
но не сакам никаква приказна, тоа би значело дека
нешто
мора да се смени, макар и на подобро, не сакам
зашто се потоа би било полошо, а немам намера да си го расипсам
ова
утро.
Нека ми биде ова најважната случка во мојот
живот.
Не сакам никаква приказна, сакам само да останам во
овој миг од денот.
Посакувам тоа да сме ние, ти и јас, да се сретнеме
туку-така, случајно,
некаде надвор, на улица, какво изненадување
би било тоа!
но сепак, подобро вака, ова нека ми биде најважната
случка во денот
и сигурна сум, денот ќе биде совршен.


СВП 2006
Избор „Мостови

 

 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Превод на македонски: Зорица Теофилова

Nazad