Љубомир Николов
Оса

Љубомир Николов е роден во Кирјаево, Бугарија, во 1954 година, а од 1990 година живее во САД. Студирал новинарство на Универзитетот Св. Климент Охридски во Софија и работел како уредник во Гласот на
Америка и БиБиСи. Во последните 15 години предава поезија и превод на неколку американски универзитети, училишта и затвори. Објавил осум збирки поезија, а негови песни, написи и есеи се печатени во различни весници и списанија. Учествувал на бројни поетски фестивали во Америка и Европа.

 

 

 

 

Оса


„Само едно крило од прозорецот подотворив“
Овид, „Аморес“


Високо над нашиот кревет – оса.

И таа стројна египетска кралица
танцува на жешкиот воздух,
се врти, трепери во сончевиот зрак,
ѕвони меѓу завесите, слегува,
до една бледа дуња, се врти в круг
и пак се крева, се лизга, зуи,
во кругови наближува кон дуњата
и наеднаш главата и тоне
во тунел од плодот.

Сака сета во него да се мушне.

Внатре да влезе сосе осило и крила.
со шмукалото сокот да го шмука,
ида нурне во влажната утроба,
да молсне како ровја,
да стаса се до слузавото семе,
а ние да го чуеме нејзиниот татнеж,
небаре страшните бранови на Потопот,
и во сплесканото бледило да исцеди
сјајна капка што брзгнала од мракот.

СВП 2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој“

 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Превод од англиски: Зоран Анчевски

Nazad