Маријана Гејде

Маријана Гејде е родена во Москва. Поет, прозаист, преведувач. Завршила Филозофски факултет. На разни конкурси има добиено повеќе награди за млади. Збирката песни Време за бришење прашина, објавена 2005 година, и е прва книга. Подготвува книга проза.

 

 

 

***


Глупаво е да се крие, уште поглупаво да не се крие
рака в рака и пиштол во џебот спуштен
да се крие, и солзи во спрострен покров:
спуштиш ли поглед – а оттаму гледа Вероника
и се смее: лицата не се кријат.
лицата се носат како штит, а други лица
го кршат штитот, и во него длабат
две очни длапки, отвор зинат
на устата, од кој навира и шиба
се она што уште многу пред нас добило име,
и не знаеш кој збор треба да се глави
збунето гледајѓи ги предметите што некој пред нас ги ставил,
зашто меѓу некои од нив нема ни сенка
од сличности со зборовите, што ги изговараат сите.
и устата ја покриваш со рака: не треба ни да се збори,
а она што е и речено му е доста.

***

Поткрени се на прсти, радост моја, стави ми бакнеж на вратот -
помала си од тригодишна јаболкница, понечујна од шум на глушец,
јас ќе дојдам, а ти не ме мисли мене.
Зошто да го мислиш оној што и не знае друго,
освен да го следи твојот срамежлив поглед.
Поткрени се на прсти, радост моја, стави ми бакнеж на усни.
Зошто да го мислиш оној кој и онака што мисли, тоа
и го збори, зошто да го мислиш оној што не мисли на твојот спокој,
оној кој и самиот се што знае, секогаш ќе ти го каже-
повисока си од клучалката, потанка од пајакова мрежа.
Поткрени се на прсти, радост моја, стави ми бакнеж на чело -
ти си голема.



СВП 2006
Избор „Мостови“
(добитник на наградата дебитантска поетска збирка)

 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Превод на македонски јазик: Тања Урошевич

Nazad