Матјаж Коцбек
Птица

Матјаж Коцбек, роден во Љубљана во 1946 година, е реномиран поет и сликар од средната генерација, автор на девет книги поезија. По студиите во Љубљана и Париз го посветил животот на поезијата, живеел на Крит и во Индија, Патувал по Медитеранот. Во 2006 година добил меѓународна стипендија во Њујорк.

 

 

 

 

Птица


Со себе донесе парче небо
кое се чини дека
нема значење:
во клунот висеше како огледало,
за да го постави пред мене,
таа црна птица,
која го сече хоризонтот со крикови,
птица, која ја гледаш пред мислата
и која ја пие крвта пред бричот,
побрза од тишината,
повисока од длабочината;
таа птица што тркала глаголи
на покорен јазик,
птица со птичји чекор,
подалечен од снегот на мојата лика,
потивок од пепелта в уста.

Ја насетуваш ли, го чувствуваш ли ветрот
на твојата трага?




СВП 2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој“

 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Превод од словенечки: Ефтим Клетников

Nazad