Нанси Морехон (Куба)
Добитник на меѓународната награда ,,Златен венец“ 2006.

Нанси Морехон е родена во 1944 година во Хавана. Првата книга поезија, Тишини, ја објавила на 18 годишна возраст. Дипломирала на Универзитетот во Хавана, каде студирала Европска, Карипска и кубанска литература и течно зборува француски, англиски и шпански јазик. Предавала француски јазик на елитна кубанска академија и работела во министерството за внатрешни работи на Куба.Таа е признаен преведувач од француски и англиски на шпански јазик и била уредник на Друштвото на писатели и уметници на Куба. Автор е на повеќе новинарски, критички и драмски дела. Во 1986 година ја добила „Наградата на критиката“ за Дотеран камен, а во 2001 година Националната награда за литература на Куба, првпат доделена на црна жена. Нејзината поезија е преведена на многу јазици.
Работи како директор на Центарот за карипски студии при „Каза де лас Америкас“

 

 

Мисисипи

Во спомен на Николас Гиљен

Змијата од вода лази и се мати.
Со своето тело на мрежа висалка, се лелее.
Каравели, духови, изгорени кожи
Исцртани врз листовите на врбите.

Змија од вода
До самоти врбите.
Змија од вода.

Змијата од вода полека ја крева главата
со расчатален и милениумски јазик.
Парче од јазикот паѓа врз Заливот.
Другиот, проголтува стотици лотки.

Змија од вода
До самоти врбите,
змија од вода.


Ќе се вратиш

За Антонио Гереро

Од југот, со лице кон сонцето, тропаме, тропаме на твојата заклученаврата за да ти го предадеме нашиот збор во неговиот див привид, но со отворено око
Што ја кажува вистината, трагата на ужасот и силата на љубовта.

Твоите песни умееја да ги минат ѕидините што сега ти ги враќаат нашите
Песни, измесени во едно Поило од песок и камен во чиј пејзаж се сместиле,
Победнички, твојот глас и твојата надеж, оти со нив можевме да живееме и со нив пеевме на брегот од овој залив, со лице кон планината. Ти не си сам затоа што
Ти си нашиот збор, затоа што ти синашата надеж.
Веќе никогаш нема да бидеш сам затоа што твојата болка ни се претвора
Вороса; затоа што на твојата самотија, врв или провалија, не и недостигаат соништа.

Ќе сонуваме со тебе. Ќе те донесеме до овие планини и до ова море затоа
Што ќе се вратиш како самоуверен крал; затоа што веќе се враќаме
И сакаме да веруваме дека ова е твое враќање:
„Овде има птици, ѕвезди, дождови, реки,
Дрвја што даваат плодови и даваат сенка...
Ова е твој дом“

Затоа што твојата видлива куќа е зборот.
Мисли, чувару на штитовите, дека набргу ќе има зора во која ќе ја пееме
Заедно неисцрпната химна на љубовта.

Енсенада де Мора
Пилон де Мансанилјо
7 септември 2003


Заглавје од бамбус

Мојата глава врз едно заглавје од бамбус,
повторно,
додека се враќаат езерата во својот сјај
и жирафите минуваат
низ еден напуштен свет меѓу копја
и збиени планини.
Како лани, се враќаат трговците
со своите штитови од мртво лисје
пуштаат крици и удираат,
туркаат жени и деца,
најдобрите мажи од југот
и од бреговите
кон своите бродови без враќање.
Светлината на хоризонтот се спушта
врз едно заглавје од бамбус и горчила.
Го гледам врвот на гребените.
Го гледам островот Горее на дланката од раката,
устите на неговите грла повраќаат црни суштества
како ноќта на првиот лов.
Едно заглавје од бамбус, повторно.
Дали е подобро да се избега од оваа географија
во друг свет?
Дали е подобро да се сврти глава кон друг предел
и да се избришат двете солзи што сега пловат
во водите на реката Замбези?
Моите очи насликаа лунарен пејзаж врз езерата.
Мојата глава врз заглавје од бамбус,
Повторно.

 

 

Copyright © by SVP & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Preveli na makedonski Zoran Ancevski i Ognena Nikuljska

Nazad