Петар Опачиќ
Ветерот од Отранто

Петар Опачиќ, роден во 1952 година во Солин, е поет и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Задар. Работи како уредник на списанието за литература во Сплит. Објавил единаесет книги песни. Како преведувач има објавено бројни преводи поезија и проза.

 

 

 

Ветерот од Отранто


Овој ветер кој вечерва шепоти
ист е што ме следи
повеќе од педесет години
ми шепоти за залудното пишување –
ништо не се променило
само трае однесувањето на патувањето
Чие? Моето ли? Или Твоето?
Се правам највешт
занејќи дека ме издава срамот
и руменилото на лицето
зашто останувам без одговор.
Што да се одговори?
Се менуваат границите,
паѓаат главите,
се раѓаат Царствата;
тој шепоти, а јас
и понатаму пишувам како во тоа
во најмала рака зависи Спасувањето на Светот.

СВП 2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој“

 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Превод од хрватски: Разме Кумбаровски

Nazad