Таја Крамбергер
Ser, Serena, Serenitas

Таја Крамбергер, родена во 1970 година во Љубљана, е поет, историски антрополог, есеист и преведувач. Живее во Љубљана и работи како асистент на Уиверзитетот во Копер. Објавила пет книги поезија, од кои последната збирка е објавена во 2004. година. Нејзини песни се објавени во различни книжевни антологии и списанија на словенечки и други јазици, а таа преведува поезија на словенечки. Учествувала на бројни книжевни фестивали во Европа и Канада. Во 2002. ја организирала и координирала меѓународната поетска преведувачка работилница во Копар. Во 2006. година е директор на меѓународниот книжевен проект „Брегови – портрети на шест европски двојазични пристаништа“.

 

Ser, Serena, Serenitas

Не зборувам за чуда,
ни за мистицизам ни за гносис, не.
Зборувам за исполнетиот и уште пополн живот
што пука по шевовитте, медено зреејќи.
За непосредниот допир меѓу кора и плод, за радоста
кога сензуално ти се вклопува во кожата.
Зборувам за раскошот од живеење што се одвива
преку порите, што избива и отпочнува нова полнотија
која ги поплавува бескрвните
за да ги спојат нивните глави со скелињата.

За сокот со препознатлив вкус ти зборувам.
За моменталното и бесконечно уживање во секојдневието,
за среќните детски раце што ги гмечат своите први јагоди
па тие им капат се до лактите дури ги приближуваат кон
усните.
За среќна околност да бидеш жив, да им се опираш
на клишеата.

Не се плашам од конфликти, конфронтации,
гнев, од разидувајња, очај, не,
туку од задушлив здив
кој нечујно и невидливо го зазема просторот,
ограничувајќи и разграничувајќи го,
труејќи го животот и местото во кое живее-
и излегува од испревртената уста
на тие чии глави се вкопани во песокта, со нозете
се уште на катовите од заблуди, во ефемерните
атмосферски наслаги.

Април 11, 2004

СВП 2006
Поети учесници
избор - „Кој е кој

 

Copyright © by SVP 2006. & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Превод на македонски: Магдалена Хорват

Nazad