ДРАГАН ДЕНКОВСКИ

Роден четири години пред Чернобил.
Студирајки економија, сфаќа дека повекје ги сака сликите и зборовите.
Вработен е како помошник продавач на градежни материјали.
Нема да се отказже ни од академскиот повик, ни од уметничкиот
стремеж.

 

Зачмаеност

Седеше наспроти себеси, на растојание од три години и еден ѕид. Си рече дека требало да дозволи искрата од нејзиното око да ги потпали вчерашните галони. Но, биковите во неговиот крвоток ги престорија орлите во шакали.

Со погледот си ги длабеше браздите од деновите кога дозна дека утрешнината му е недостижна.

Жарот од цигарата се движеше отсликувајќи ја паднатата осумка.

Во мислите му тлееше бела бучава, а собата го смрачуваше секој ведар проблесок.

Таа требаше да плаче, со сета своја гордост.
Тој можеше да се наметне со неговата дрскост.

Сепак, тие избегнаа да се сретнат, низ пукнатините на случајноста.

Товарот си остана ист, ама чувството натежнуваше.

Неговата младост си замислуваше каква би била огорченоста кога лицето ќе стане една голема брчка, кога чадот и правот ќе ја исполнат внатрешноста со гниење и пожолтеност, кога стампедото ќе зазвучи како безнадежен лелек.

Дали непрекинатиот шум некогаш ќе престане да се одбива од ѕидовите на черепот, дали ќе излезе изговорен одекнувајќи помеѓу четирите ѕида и таванот и подот, искажувајќи ја сета бесмисла на дваесетте години, паразитски поминати во надеж дека може да се стигне некаде низ шумата на свесно одбиени можности...

 

Copyright © by Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.

Nazad