МАЈА АПОСТОЛОСКА

Маја Апостолоска е родена на 07. 12. 1976 година. Дипломирала на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет Блаже Конески - Скопје, каде моментално е на постдипломски студии на Катедрата по македонски јазик. Авторка е на стихозбирките: Заиграј, веќе, мастилаво! (Зумпрес, Скопје, 2000 год.) и Прекин на комуникацијата (Бата пресс, Скопје, 2004 год.). Со Ј. Т. Етернијан го имаат приредено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви, кој излезе како тематски број на списанието Стремеж (11.12) во 2000 година. Во периодиката објавува поезија, книжевни критики и препеви.

 
НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, ЛЕНОРА!

Добрата соба
домаќинот го чека.
"Заиграј веќе мастлаво!"
Потем сините траги ...

Благи ли се гробниците
насмеани за гости,
та чукањето да е токмуглаво
со цело чекање
на птичјиот гргор?

"Застани!"

Декември во патетичен стрес
интересно продлабочува
версуси.
Мелодрами за мелолудаци!

Ленора, драга моја,
фигуративно заминуваш?

 

Copyright © by Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.

Nazad