МАРЛЕНА ПЕТРУШЕВА

Марлена Петрушева е родена во Скопје 1979 г. , каде живее и работи. Повремено е објавувана во алманасите на литературното друштво Мугри кое функционира на Филолошкиот факултет во Скопје. Приредувач е на Антологија на младата македонска поезија на веб списанието за поезија Метафора.
Марлена Петрушева е уредник на БКГ за Македонија.

 
ПОЕТИКА


Пробувам да сречам нешто
Да опејам
За љубов да се изнапејам
За тага
да оплакувам
За смеа
Да се изнасмеам


Утро е

како да не пишувам сиво
Кога сив ми е погледот
И зградиве околу мене,
и како сиво да не срокувам
кога силата на врата повторно дојде
и некој нов фашизам
реваншизам
што ли ќе е
и повторно

репетиција!

како да не пишувам сиво
Кога сив ми е погледот
И зградиве околу мене,
и како сиво да не срокувам
кога силата на врата повторно дојде
и некој нов фашизам
реваншизам
што ли ќе е
и повторно

раскрвавени момчиња
бараат демократија
викајќи уаааа

скршени души бараат
корка леб
за себе
и приколката со себе

полицијата будно
сите не следи

веќе не можам кришум
интимна да сум,
се плашам
колку силно воздивнувам

секогаш ја сакав сината облека

ама се плашам

па затоа сега
не гледам што сакам јас
носам шарена облека!

Секогаш!

и како да напишеш стих
кој не знаеш дали е
и само истураш
истураш
и не размислуваш на него

вели...

и автобусите не се како порано
ги разретчија,

времето
секогаш виновно
дури и тоа
изневерува
секогаш

студено е

не, не
жешко
тешко
спарнина
ме гуши нешто

Една жена го чека
Својот маж

Едно дете
Непроодено
Се дави во својот плач

Еден човек ровари
Со зборовите

еден човек

 

Copyright © by Marlena Petruševa & Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.

Nazad