Ермис Лафазановски

Ермис Лафазановски, раскажувач, романсиер, историчар и теоретичар на литературата (во македонската проза вреднуван како виртуоз на гротескното, писател кој поседува редок квалитетен спој на духовитост, стилска прочистеност и читливост) е роден во Клуж, Романија на 8 декември 1961 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Работи во Институтот за фолклор „Марко Цепен ков“ во Скопје. Член на ДПМ од 1994 година.
Автор е на книгите: Половина божилак (раскази, 1992), Традиција, нарација, литература (монографија, 1996), Благородник (роман, 1997), Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (раскази, 1999), Македонските космогониски легенди (студија, 2000), Текст и менталитет (зборник, 2000). За романот Опишувач во 2001 му е доделена наградата на ДПМ - „Стале Попов“
Новиот роман Храпешко, на авторот Лафазановски е претставникот на Македонија за наградата Балканика.





Опишувач 2
 

Жената чија сенка беше заглавена во рамката на прозорецот од карши и која веќе еднаш ја спомнав, повторно се појави. И тоа во мигот кога, ако не постоеше опишувањето, ќе кренев рака на себе. Нејзините раце на дневната светлина изгледаа долги, како нејзиното чело. Застанав до прозорецот и погледнав кон неа. Таа исто така ме гледаше. Постоеше голема веројатност дека и двајцата се гледавме веќе подолго време.

Грација. Се заљубувам, дишам, не можам да дишам, таа не се трга, мислите ми летаат преку прозорецот, се качуваат врз плеќите на орелот од долната земја. Однеси ми го погледот кај неа. Добро - вели - само треба да ме храниш, инаку ќе те фрлам. Не ме фрлај, ќе те хранам со с? што сакаш. Сакам со чисти мисли, со јасни погледи, со двогледи од дланки, со безгранични зборови, со убавина. Дај ми да пијам реки и езера, мисли и потоци. Птичиштето ги зеде моите исли на својот грб, ги фати, ги врза. Таа излезе од смртната земја, само малку стоеше до прозорецот, потоа ги зеде и и ги однесе.

Лета бавно, тромаво, можеби без никаква желба, можеби со малку инает што е вознемирена. Лета целно, а сепак незаинтересирано. Стигна до нејзиниот прозорец, таа го отвори и ги пружи сенишните раце. Ја дофати птицата, не како орел, туку како гулаб, ги зеде мислите и направи неколку потези околу својата глава како да ги внесува внатре. Долго се гледавме. Таа сениште, јас сенишник. Доблести. Дали таа може да ми ги прими пораките? Јас никогаш не сум бил прозорски вљубеник, но нешто ме тераше и тоа да го правам.

Се разбира, почнав редовно да ги опишувам нејзините прозорски покажувања. Прво ретко, па с? почесто, за на крајот да заклучам дека таа намерно се појавува заради мене. Се обидов да стражарам дванаесет часа по ред за да запишам нешто за луѓето кои живеат со неа, за начинот на нивното однесување. Ме фаќа паника додека ја гледам и додека авионите ниско летаат. Си мислам, можеби ќе падне некоја крстосувачка ракета и ќе ја прекине оваа идила. Значи, не успевам да забележам ништо вредно, ништо импозантно во врска со нејзиното семејство. Впрочем, со денови нема никокј, потоа се појавува некој човек, седаш карши-карши на масата и гледаат телевизија, ништо. Разговараат нешто, мавтаат со рацете, гестикулираат, небаре се караат. Јас почнувам да се вљубувам и ми пречи тоа што таа се кара.

Потоа мажот си оди и таа веднаш го отвора прозорецот. Се заглавува во рамката и молчи. Дого ме гледа, јас се чешам и не знам што да правам. Така многу денови по ред, додека желбата за јавно опишување или опишување на јавноста с? повеќе ми исчезнува и веќе немам никаква желба да опишувам, освен можеби нејзините сенишни движења, освен можеби, внатрешниот немир истравот што ме тера да опишувам и на тој начин да се спасам од депресијата.


Вакво прозорско надгледување не сум правем од детството. Но никогаш не е доцна, особено кога постојат заеднички знаци и симболи.

Јас собрав храброст, мавнав со раката од далеку, таа ми возврати, срамежливо. Почна нашето дружење. Ја завикав Грација, поради грациозноста на движењата со кои ме обземаше.


Чудно, не беше никакво време за интимни средби. Ги познавав само нејзините контури, само нејзината сенка. Не знаев точно како изгледа, ниту дали е убава. А сепак се почувствував вљубен со самото тоа што е жена. Подетаљно анализирајќи се, сфатив дека не се вљубив толку во неа, колку во потребата некој да ме сака, и ако е возможно за секогаш да ме оттргне од опишувањето. Да се лекувам на друг начин, со љубов, а не со опишување. Затоа, небаре некаква судбина, целата надеж ја фрлив врз Грација.

Почнав да правам планови како да ја достигнам и како подобро да ја разберам. Затоа почнав секојдневно да ги опишувам нејзините движења низ собата, нејзините отсуств, нејзините бестелесни појавувања на прозорецот, нејзиното однесување рано наутро, доцна вечер. Почнав да го опишувам нејзиниот празен стан, нејзината трпезариска маса, ќилимите, децата на кои им се гледаа само врвовите на главите, мажот што нервозно ја трескаше масата.

Почнав да го градам нејзиниот свет за кој ни таа самата не е свесна дека постои. И колку повеќе опишував, толку ми беше полесно на душата, колку повеќе ја доближував до себе, толку повеќе го оддалечував опишувањето и обратно.

Ја опишав како една современа македонска жена, која на крајот од краиштата, претрпува психички растројства како резултат од тепањето и малтретирањето на нејзиниот љубоморен маж. Неа ја нареков Султана за да ја скријам нејзината грациозност поради која само за себе ја бев нарекол Грација.

Не се случи тоа наеднаш преку ноќ, туку постепено со најразличен интензитет во текот на повеќе - мислам дека десеттина - години за време на кои таа успеа, како-така, да одгледа две малолетни деца.

С? започна кога Зоран - нејзиниот сопруг - почна да добива анонимни описи кои, демек, му ги праќа еден негов добронамерник и во кои неговата жена е прикажана како еманципирана и слободоумна жена, која релаксацијата од секојдневните напори што ги нуди делникот ги наоѓа во прегратките на еден за него анонимен, но превртлив маж.
Нивните средби биле таинствени, нередовни, но добро испланирани. Нејзината коса мека и во далги далги го покривала лицето и горниот дел од телото на анонимниот маж, чии прсти внимавале во љубовниот занес да не остават траги по нејзиното бело тело.

Без никакво објаснување, без да каже барем за описот или, пак, да се распраша околу вистината, Зоран ја клоцна Султана со војничките чизми во пределот на слабините, додека таа клекната го рибаше килимот пред нивната куќа заедно со двете деца. Таа падна ничкум и почна да вреска од болка. На нејзините деца толку им требаше - почнаа да врескаат.

Тој не рече ништо, не даде никакво објаснување, само си го зеде палтото и излезе надвор. Не се врати два дена, два дена во кои Султана не се обидуваше да ги промисли причините за нападот врз неа, сметајќи дека мажот сигурно има добра причина за тоа што го сторил. Особено што не бил пијан. Веројатно некаде згрешила.

Описите станаа почести, подлабоки, пошироки, појасни. Анонимниот пријател на семејството, во прилог на тоа што го зборува, успеа да исфотокопира едно писмо кое беше сведоштво за тоа што го зборува. Тој опис не ја воспева убавината на Султана ниту пак ја споредува со божица, попрво може да се каже дека зборува обични работи кои, всушност и не можеле да се случат ако таа не била заедно со тој и тој.

Следниот удар Султана го доби по лицето, веднаш над десната веќа и падна со тилот на фотелјата. Овојпат доби објаснување од Зоран, ама беше во несвестица долго време, та не можеше да го разбере.

Неколку дена по оваа случка, таа исчезна од дома. Тие што ја виделе му ја опишаа на Зорана како босонога Турчинка, која ита во насока на пазарот. Нејзините раце беа модри, а кожата водена. Тоа беше почетокот на неговата нервна но и пијана криза.

Ја најде кај нејзини далечни роднини во мала празна одаја, задкуќи, облечена во тесен црвен фустан. На нозете имаше високи потпетици, а косата и беше исчешлана поинаку. Тој ја замоли да се врати, да стане повторно мајка на неговите деца; озгора и призна дека описите престанаа да доаѓаат и најверојатно се описи на човек или жена што сака да им го сотре семејството, што им мисли зло, што сака од непознати причини да им напакости. Ја молеше да му прости што ја удри, си ја призна вината и и вети дека никогаш повеќе нема да ја тепа и дека дури и да стигнат во иднина такви описи, тој ќе знае дека тие се наместени од некого и нема да ги сфаќа веродостојно.

Таа попушти, а потоа дојде зимата.

 

Copyright © by Balkanski književni glasnik - BKG, 2006.

Nazad